Шенон Бароус (35), од Донкстер во Англија, открила дека на својата најстара ќерка Џејми Ли (20) почнала да и дава алкохол од нејзината трета година за да ја подготви да го издржи алкохолот во тинејџерските години.
Џејми за својот роденден испила шише водка, додека гајбите со пиво биле нормална појава секој викенд.
До моментот кога станала возрасна, таа веќе била во „форма“ да оди во град и да пие со нејзината мајка и нејзиното друштво до четири наутро.
„Ние обожаваме да се напиеме заедно. Ако се напие малку повеќе, тука сум јас да се грижам за неа. Исто е и во спротивната ситуација: ако јас претерам, знам дека Џејми е тука“, реклата мајката на девојката.
Мајката и ќерката заедно го прославуваат 20-от роденден на Џејми – секако со алкохол
Апетитите за алкохол, Шенон и нејзината ќерка ги задоволуваат со парите, кои ги заработува нејзиниот сопруг Џон (50) како градинар и детскиот додаток кој изнесува 180 фунти.
Шенон за списанието „Closer“ рекла дека сакала нејзината ќерка да научи „како треба да се пие“ и кога ќе порасне да биде нејзина „другарка за забава“, а и дека давањето алкохолот на рана возраст созадава отпорност кон алкохолот.
Џејми Ли (20) почнала да пие од нејзината трета година
Иако таа е свесна дека нејзиното однесување ќе наиде на осуда, таа не гледа ништо лошо во својот однос со ќерката и напоменува дека нејзините мајчински способности и одговорности не може да се доведуваат во прашање.
Шенон самата почнала да пие од својата 14 година, па често се онесвестувала на улица поради премногу алкохол, а не ретко и полицијата ја враќала дома.