Сиромаштија и здравје: Сами направиле машина за дишење од пластика за да живее синот – 5 год успеваат


Кинез се одржува во живот веќе петта година, благодарение на рачно изработен вентилатор, а неговата фамилија дополнително морала 18 пати во минута да ја пртиска пумпата за вештачко дишење. Дваесетипет годишниот Фу Хуепенг, доживеал сообраќајка со неговиот мотор, додека се упатувал кон супермаркетот.

article-2270178-173BAC66000005DC-478_634x461 article-2270178-173BAC59000005DC-176_634x404

Му биле дијагностицирани сериозни оштетувања на неговиот нервен систем и бил парализиран од вратот надоле, по што не можел самостојно да дише. Бил вклучен на домашно направен респиратор, а неговото вештачко дишење се потпирало од вентилатор и туба кои биле поврзани со неговите дишни патишта. Првите четири месеци ги поминал во болница, но поради високите медицински трошоци, неговите родители морале да го донесат дома.

article-2270178-173BAD48000005DC-393_634x417И покрај добивањето на 300,000 јуани, (30,000 евра) како компензација од возачот кој бил одговорен за сообраќајката, неговото семејство не успеало да ги подмири болничките трошоци, кои чинеле 1000 фунти неделно.
Биле принудени да купат вентилатор и рачна пумпа, преку која се доставува кислород во неговите бели дробови.

За да се одржи триесетгодишниот Фу во живот, спроведениот воздух мора рачно да се испумпа во точни временски интервали.

Неговите родители, двете сестри и браќата, ја имаат обврската да ја стискаат рескулаторната торба 18 пати во минута. Ако престанат за само три минути, Фу ќе умре.
Како резултат на ваквата неуморна работа, нивните раце сега се деформирани од постојаното стегање на уредот.

article-2270178-173BACBD000005DC-505_634x422article-2270178-173BAC8B000005DC-687_634x359
Среќата на семејството се променила откако случајот бил забележан на страната на челниците на компанијата кои ги произведувала вентилаторите на блог на кој што бил документиран ваквиот настан.
Тие ветија дека на семејството ќе им биде дониран вентилатор, а ќе се формира и посебен фонд, специјално наменет за Фу и за сите добронамерници кои ќе имаат желба да донираат средства за негово лечење. Во хуманитарната помош свој придонес најавиле и владиниот персонал и лекарите од локалната болница.

article-2270178-173BAC94000005DC-994_634x422
Ху кој боледува и од болест на бубрезите, сега неговата крв се прочистува преку направа создадена од медицински инструменти и кујнски прибор. Нарушувањето на функцијата на бубрезите му била дијагностицирана уште во 1993 година кога бил студент.

Тој бил подложен на дијализа во болницата, но по шест години неможејќи да ги прикрие медицинските трошоци, бил приморан да создаде своја машина за отстранување на отпадните материи од неговата крв.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1