Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи особено во источните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 30 Целзиусови степени.
В четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека в петок под влијание на нов влажен бран во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен јужен ветер. Температурата нема да забележи значителни промени.