И денес дожд – еве ја прогнозата


Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи особено во источните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 30 степени.ulica dozd 3 mk

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Температурата ќе достигне до 30 Целзиусови степени.

В четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека в петок под влијание на нов влажен бран во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и засилен јужен ветер. Температурата нема да забележи значителни промени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1