Триесет годишната београѓанка Татјана Рашевич, и нејзиниот вереник, Ненад Подовач, кој е две години постар од неа, покажаа дека романтиката сеуште постои.
Тие, судбоносното “да“ го кажаа на надморска височина од 1.800 метри, на Тремот на Сува Планина, која е лоцирана во градот Ниш во Србија.
Она што целата оваа љубовна приказна ја прави посебна е тоа што, пред две години на истото место, Ненад и го спасил животот на својата идна сопруга, која додека планинарела, паднала во бездна, од висина од 100 метри, и за чудо, преживеала.
Во февруари 2010 година, кога учетвувала на традиционалното искачување на највисокиот врв, на Сува Планина, Тања се здобила со тешки телесни повреди, кога се лизнала и паднала преку снежните рампи, на карпата која води до тремот.
При падот, тогаш 28-годишната студентка завршила со повеќе скршени ребра, а спасувачката акција траела повеќе од девет часа. Херојот, кој и го спасил живот бил ветеранот Ненад Подовач, кој заедно со планинарите од Ниш успеал да дојде до неговата сегашна сопруга.
-Кога излегов од болница, сите ми се јавија, освен Ненад кој беше премногу скромен, за да се фали со неговата храброст. Токму поради тоа и решив да го најдам, и, еве не сега повторно на тремот, знаејќи дека нас нè поврзува многу повеќе од потписот кој го дадовме на матичарот, рече таа Татјана.
Иако теренот на највисокиот врв е речиси непристапен, многу гости се искачија на планината за да бидат дел од венчавката.
Еден од подароците на кој особено му се израдува младоженецот е летно патувања во Несебар.
-Јас 20 години не сум бил на море! Зар требаше сето ова да се слуши за да одам на летување, се пошегува Ненад.
Свеченоста заврши со откривањето на спомен плочата на каменот што го означува врвот на планината, кој младата невеста го нарече “Каменот на љубовта”. На долната плоча е испишана пораката: Допри го каменот и од Тремот понеси срце отвотено за љубов!