И Хрватска со закани дека ќе ја затвори границата за мигрантите


Хрватска ќе ја затвори границата со Србија доколку повторно 8.000 мигранти влезат во земјата за еден ден, предупреди денеска хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ.migranti-hrvatska

Тој нагласи дека најновата земја-членка на ЕУ нема капацитет да прифати повеќе луѓе.

Околу 9.000 мигранти пристигнаа во Хрватска од вчера рано изутрина, откако Унгарија ја затвори својата граница со Србија.

Во меѓувреме, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Хрватска дека ги испраќа мигрантите кон Унгарија и Словенија и според него таа не е подготвена за во Шенген зоната

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1