И излекуваните сексуални болести може да го загрозат вашето потомство


Сексуално преносливите болести како што се хламидија и гонореја имаат негативен ефект врз бременоста, дури и ако жените се излекувале од нив пред забременувањето, пренесува интересно.ком.мк.

vaginoplastikaАвстралиски научници од Универзитетот во Нов Јужен Велс и Универзитетот во Сиднеј, проучувале податоци од 350.000 жени, кои имале една од овие сексуално преносливи болести. Тие жени имале поголем ризик од предвремено породување, како и ризик од мртвородени деца. Така речиси 4% од испитаниците го родиле детето предвреме, 12% од децата биле премали, а 0,6% од нив се родени мртви, потврдило истражувањето.

Хламидијата го зголемува ризикот од предвремено родени деца за 17%, а за мртвородени деца има ризик од 40%. Слично е и со гонорејата, поради која ризикот дека детето ќе биде родено пред утврдениот термин е 2 пати поголем. Научниците потврдиле дека ризикот е подеднаков за жените кои се заразиле од болести од полови органи пред или за време на бременоста.

Претходните истражувања потврдиле дека меѓу младите има 2 пати повеќе таков вид на болести, отколку пред 10 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1