Киднапирана жена успеала да шепне помош – тинејџерите прочитале од усните и ја спасиле (Видео)


Момчињата на 17 и 19 години ја повикале полицијата откако жената од задното седиште немо го „изговорила“ само зборот „помош“, а тие разбрале што сака да каже додека чекале на црвено светло на семафор зад автомобилот на киднаперот.

abc_aaron_arias_jamal_harris_ll_130906_16x9_608Луис е уапсен и ставен под кауција од 50.000 долари, поради киднапирање на неидентификувана жена со закана со огнено оружје. Двајцата тинејџери преку задното стакло на неговиот автомобил ја забележале русокосата девојка и сфатиле дека е во неволја.

„На автопатот сум. Само што се случи грабеж. Не грабеж, туку киднапирање. Овде сме уште едно момче и јас. Ја гледавме жената бидејќи беше привлечна, а тогаш сфативме дека ни вели да и’ помогнеме. Претпоставуваме дека е грабната“ – рекол Ејрон Аријас (19).

Тој со две години помладиот пријател Џамал Харис го следел киднаперот неколку километри, цело време во врска со полицијата. Полицајците успеале да го стигнат Луис и да го уапсат, а жената после лекарски преглед ја пуштиле дома.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1