И Кенија слави за победата на Обама


Победата на претседателот Барак Обама ја слават и жителите на едно мало село во Кенија, од каде што потекнува и живее неговата баба.

Од САД за MKnews.MK –  Ана Ношпал

И додека социјалните медиуми се преполнуваат со најразлични коментари, ставови и написи за годинашните претседателски избори, избирачките тела се уште ги пребројуваат гласовите на гласачите со цел да добијат што поточни информации.

Моменталните податоци покажуваат дека реизбраниот претседател Барак Обама има освоено 50.4 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат Мит Ромни, засега брои 48.1 отсто.

Но, гласовите на Флорида се уште се пребројуваат. Од вкупно 97 отсто од гласовите, Обама води за еден процент.

Победата на претседателот Барак Обама ја слават и жителите на едно мало село во Кенија, од каде што потекнува и живее неговата баба. Кенија, наскоро ќе се соочи со свои претседателски избори, а закажани се за март следната година. Од таму информираат дека ќе го следат примерот на годинашните одржани претседателски избори.

И покрај тоа што марихуната од оваа година стала легална во државите Вашингтон и Колорадо, таа и понатаму останува илегална дрога под сојузниот закон..

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1