И лицата кои пасивно бараат работа, ќе имаат социјални права


И лицата кои пасивно бараат работа ќе ги имаат истите социјални права, како оние кои тоа го прават активно. Се што треба да сторат, е да да пополнат формулар во еден од 30те центри за вработување и да наведат дека пасивно бараат работа. Оваа постапка ќе треба да ја повторат секои 6 месеци. nevrabotenost

Лицата пак кои активно бараат работа должни се на секои 30 дена да се јавуваат во Агенцијата, односно во соодветниот Центар за вработување и да докажат дека навистина сакаат да се вработат. Невработените, во рок од 30 дена од денот на регистрирањето во агенцијата, се должни да изработат и потпишат индивидуалени планови за вработување, што е всушност, писмен договор меѓу Агенцијата за вработување и невработените лица. 

Службениците во сите центри за вработување, се должни да им асистираат на граѓаните при пополнување на апликациите. Досега од вкупно 235 илјади евидентирани невработени лица, 192.000 подигнале формулари, од кои 29 илјади се веќе пополнети и вратени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1