И македонски педофил се фатил во мрежата на виртуелното девојче


Се викам Свити, имам 10 години и живеам на Филипини…ова е реченицата поради која десетици илјади педофили од цел свет се фатени и веќе не претставуваат закана за дечињата.

Педофил од Македонија е на списокот педофили од целиот свет кои контактирале со Свити. Холандската невладина организација “Тerre des hommes”, чиј оригинален проект е лов на педофили на глобално ниво, го објави списокот на земји, од каде што сексуалните предатори комуницирале со виртуелното девојче, јавува Канал 5.

sciti-pedofil-dete-02-1-Македонецот е само еден од официјалната бројка од  илјада педофили, кои пред Свити ги откриле најдлабоките сексуални фантазии.

– Тие бараат од мене да се соблечам, па потоа тие се соблекуваат. Потоа, „си играат“ самите со себе и бараат јас да си „играм“ со нив.

– Тие имаат само една цел – да имаат секс со Свити. Бројките се шокантни. За 10 недели идентификувавевме илјада предатори. Ако имавме повеќе време, несомнено ќе фатевме многу повеќе, изјави Алберт Јап Ван Сантбринг, Претседател на НВО “Тerre des hommes”.

Според невладината организација, адресата, телефонот и фотографијата на македонскиот љубител на детски тела веќе е испратен до Интерпол, заедно со досиејата на педофилите од уште 65 земји. Целта е да се алармира до светските влади дека виртуелните престапници, не се помалку безопасни од реалните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1