Укинат квизот „Кој сака да биде милионер“


Британската телевизиска компанија ИТВ одлучи да престане со емитување на популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“, откако од него се повлече неговиот долгогодишен водител Крис Тарант.Тој смета дека постојат неколку причини за падот на интересот за квизот, а најзначајната е што никој не освои милион фунти, колку што изнесува главната награда во квизот, уште од 2006 година.

koj saka da bide milionerКвизот кој првично беше предвиден да трае најмногу четири години, во Велика Британија се емитуваше цели 15 години, но од некогашната гледаност од 19 милиони, квизот во јуни оваа година беше гледан од 2,4 милиони Британци.

Изминатте години, некои лондонски весници тврдеа дека телевизиската комапнија ги има заострено прашањата со цел никој да не добие милион фунти, што ИТВ категорично го демантираше.

Истражувањето што е направено покажува дека луѓето сега не се подготвени да се појават во квизот, за да освојат само 20 илјади фунти, колку што последните години успеваа да заработат најглемиот број од учесниците.

Квизот „Кој сака да биде милионер“ е продаден во дури 120 земји, а последната е Казахстан. Во изминатите 15 години имало пет милионери, додека последниот шестиот милионер, беше елиминран. Тој беше осомничен дека со својот придружник, мамел при давањето одговори, на тој начин што со кашлање бил предупреден од придружникот за точноста на одговорот.

Квизот му послужи на британскиот режисер Дани Бојл за правењето на филмот „Слумдог Миллионаире“ за кој ја доби и наградата „Оскар“.

Kurir.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1