И матичниот гинеколог и болницата, освен родилката, ќе може да отворат породилно боледување, а од мај годинава Фондот за здравство ќе продолжи да го исплатува надоместокот за боледување или породилно без оглед дали и кога работодавецот го исплатил
Родилките кои биле вработени на определено работно време ќе добиваат паричен надоместок за породилно и ако во меѓувреме им престанал договорот. Од ова најголем бенефит ќе имаат наставничките и негователките во градинките, кои најчесто имаа проблеми со породилното отсуство. Од Фондот информираа дека новината стартувала пред 10 дена, а досега барање поднеле вкупно 157 жени.
– Посочи дека за сите нови барања за породилно отсуство поднесени од 16 март важат досегашните законски одредби за остварување на правото, но сега со загарантиран надомест за лицата вработени на определено време, изјави Кристина Христова, в.д директор на ФЗОМ.
Во собраниска процедува е и уште едно олеснување за исплатата на боледувања и породилно отсуство. Се предвидува фондот да продолжи да го исплаќа надоместокот без разлика дали работодавачот платил придонес за останатите вработени во фирмата.
– Фондот работи и на воведување административни олеснувања во постапката за барање на надомест за боледување или породилно, кое планираат од мај да може да се поднесе и електронски, преку веб порталот на Фондот, изјави Орхан Ибраими, в.д директор на ФЗОМ.
Од мај барањето за породилно, покрај осигуреникот и работодавачот, може да го поднесат и матичниот гинеколог или здравствената установа каде е извршено породувањето, а фондот по службена должност ќе ги обезбеди потребните документи.