Истражувањето кое го спроведе YouGov на 1.000 лица, а во генерација на млади ги вбројува лицата меѓу 18 и 34 години, ги потврдија податоците за кои многу постари лица веќе одамна зборуваат.
Поточно, помалку е веројатно дека денешните млади ќе ги поздрават соседите или ќе придржат врата за постарите лица, пишува „Дејли Мејл“.
Исто така е помала веројатноста дека ќе понудат пијалок на работникот кој работни во нивниот дом отколку што тоа го правеле нивните родители или дека ќе дадат бакшиш.
Речиси 35 отсто од младите ги игнорираат соседите, во споредба со 15 проценти од групата постари од 55 години. Веројатноста дека седиштето во јавниот превоз ќе го отстапат на бремена жена е помало за 17 отсто, а дека тоа ќе го направат за постаро лице е 12 проценти.
Додека 83 проценти од постарите од 55 години велат дека на работник кој нешто им поправа во домот ќе му понудат пијалок, само половина од младата генерација би направила исто.
Давањето бакшиш е уште една работа по која младите генерации се разликуваат од постарата генерација. Веројатноста дека ќе добиете бакшиш од млади лица е помала за 41 отсто од веројатноста дека ќе ја добиете од постарите лица.
Психијатоарот др. Клив Шерлок вели дека промените во однесувањето се доказ дека општеството станува себично и има помалку почитување. – Луѓето сега се повеќе оптоварени со самите себе и помалку загрижени за другите луѓе. Заедниците се повеќе се наклонети кон собирање на материјалното. Тоа во правило им е поважно од интересирањето за здравјето на соседите. Човечкото почитување кон себе падна, а со тоа паѓа и почитувањето кон чувствата на другите луѓе, рече Шерлок.
Др. Шерлок тоа го објаснува со сеприсутната технологија која, како што тој тврди, ги охрабрува луѓето да се грижат само за себе и речиси ништо друго не забележуваат.
Курир