Не само по името туку и по големина, пештерата под Солунска глава е најголемиот пештерски систем во Македонија, пренесува МТВ.
Домашни и странски спелеолози досега откриле и мапирале 2,5 километри од пештерскиот систем што е само почеток на пештера која по својата уникатност веројатно ке се вбројува во најубавите во Европа.
Најголемиот масив во Европа се крие под планината Јакупица, а Големата Пештера под Солунска глава е најголемиот пештерски ситем во Македонија. Ова е заклучок на спелеолозите од Македонија, Чешка и Словачка кои веќе неколку години ја истражуват пештерата.
„Почнува да се разгранува пештерата, тоа значи дека навистина ние сме под главната бариера под Солунска глава и дека тука сега ќе влезе комплициран пештерски систем ќе се појави реално внатре бидејки има многу варовники многу вода“ рече Иван Жежовски, претседателе на спелеолошкото друштво Пеони.
Со новооткриените 900 метри, експедицијата успеа да навлезе 2,5 километри во пештескиот систем.