И официјално потврдено – ни продаваат техника програмирана да се расипува за да купиш нова


Извештајот на Европскиот центар за потрошувачи, покажува дека во моментов намерно се произведуваат неквалитетни производи, со цел истите да се расипат за краток временски период, односно повторно да морате да ги набавите.
Во извештајот „програмирана дотрајаност на продуктите на потрошувачкото друштво“, која ја има објавено францускиот весник „Le Monde“, е запишано како воглавно се создадени функционалните грешки, кои се наоѓаат во речиси сите електрични и електронски производи.

broken_TV_464x271Поконкретно производот е направен на таков начин, што кога само еден дел од истиот се расипе, да целиот производ престане да работи.
„CEC“ исто така тврди дека сегашната машина за перење е програмирана на само од 2000 до 2500 вртења, затоа што внатрешноста е направена од пластика наместо од нерѓосан челик.

Топчестите лежишта се инсталирани во внатрешноста, па кога тој ќе се расипе, клиентот ќе мора да го промени целиот „барабан“, или пак да купи нова машина.

tehnikaТелевизорите се програмирани да работат до 20,000 часа, а истото се случува и со мобилните апарати и смартфоните.

Исто така, често е речиси невозможно да се најде и замена за деловите, бидејќи тие повеќе не се произведуваат и потрошувачот е принуден да набави сосема нов производ.

21 век го донесе со себе сосема нови производи со значително лош квалитет од нивните претходници. „CEC“ затоа побара од Европската Унија да го реши тој проблем со посебен закон.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1