И по 20 години актерство и улоги во светски филмови – Вишка во Македонија е актер од 4 категорија?!


Актерот Висар Вишка е еден од ретките македонски актери кои добил улоги во познати странски серии и филмови, некои од нив и на НБЦ, Нетфликс, но во Македонија се уште се води како актер од 4 (најдолна) категорија со минимална плата.

,,Сум играл кај оскаровци, со оскаровци, големи улоги на десетина странски јазици, но дома не сум доволно добар за да играм на македонски и албански:),, вели Вишка во својот фејсбук пост. 

Имено актерот побарал од неговата матична куќа конечно да го унапреди неговиот статус и од актер 4 категорија да го унапреди, но стигнал одговор дека е одбиен. Револтиран го објави следниот фејсбук статус….

 

Е сега да споделам една тажна вест со која ме разбудија утрово.

Ми се јавија да ми кажаат дека моето барање за унапредување на мојот статус во матичната куќа МНТ е одбиено. Ова е втор пат, првиот пат после долго купување време ми вратија дека не го разбрале моето барање:) ќе го објавам моето барање да судите сами.

Во МНТ се водам како актер од IV категорија. Четврта:) со потпросечна плата.

Мојата мака почна од 2000та година кога со една улога во МНТ го кренав плафонот со маестрална актерска магија. Тоа не се мои зборови, тоа се зборови на трите најеминентни театарски критичари на тоа време. И после тоа некои шовинисти и љубоморни колеги ми ги затворија вратите. И во албански и по македонски театри.

Долги години оваа блокада ме уништи душевно. Но не се предадов. После 8 години не појавување на сцена и на филм се случи првата моја америчка серија. Во 2010/2011 се случи ова што го гледавте вечер, Шангај Џипси, најскапиот словенски филм, главна улога. Стигна до латинска америка, на телевизија со 350 мил гледачи. Секојдневно добивам пораки.

Дома пак ништо.

Се борев храбро и бестрашно против шовинизмот, никогаш не калкулирајќи за свои привилегии како многу колеги, за кое бев забрануван да играм, но успеавме да победивме.
Така мислев.

И ден денес после две години од “живот за сите” јас сеуште немам главни улоги, ма ни епизодни:) туку мала појава во една претстава (која многу ја сакам) и сум вреднуван како актер од четврта категорија:)

Се разбира се вадат на процедури и глупости. Кога сакаат да те јебат. Јасно ми е:) овие месеци во министерство ги научив многумина дека секогаш има начин да се подобрат работите, скроз законски, ако сакаш се разбира.

Неделава почнав нова серија на BBC, една од главните улоги, како единствен странец. А знаете колку е тешко да се вади работна виза за Англија. Покрај толку одлични глумци таму, нели:)

Сум играл кај оскаровци, со оскаровци, големи улоги на десетина странски јазици, но дома не сум доволно добар за да играм на македонски и албански:)

Мислев дека го победивме шовинизмот. Но тоа пуштило корења не само кај старите, туку и кај младите за жал.

Одговорот од Управниот Одбор ќе го објавам штом го добијам. Заедно со моите барања и со претходниот одговор. Транспарентно.

И за крај, прееска видов едно одлично фб видео на еден тип. Вика, сите ние трчаме да го апгрејдуваме телефонот со најновиот ОС, но никогаш не сме се потрудиле да го апгрејдаме нашиот ОС, мозокот. Да ги исфрлиме работите што не кочат, застарени апликации и вируси.

Шовинизмот продолжува.

тага…болка…разочараност…безнадежност…

Но јас не се откажувам, не се радувајте. само ќе ги сменам начините на борбата.

До следниот мој успех…а ваша болка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1