Со 62 гласа Собранието ги разреши Ќахил и Ахмедовски – Елвин Хасан и Музафер Бајрам нови министри


Со 62 гласа „за“ во Собранието, на предлог на Владата, попладнево беа разрешени министрите, Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски. Аднан Ќахил беше разрешен од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата. Аксел Ахмедовски ја извршуваше функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

Собранието на Република Македонија попладнево на 77-седница на предлогот на Владата ги именува Елвин Хасан за министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции и Музафер Бајрам како министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот, рече дека младиот доктор на науки Елвин Хасан доаѓа на позиција министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции од позицијата претседател на НВО и долгогодишен граѓански активист, кој ги застапува правата на турската заедница во Република Македонија.

– Елвин Хасан зад себе има повеќегодишно работно исксуство како асистент во групата за турски јазик и книжевност и експерт од пракса за одделенска настава на турски јазик на Педагошкиот факултет. Има објавено неколку научни трудови и докторирал на тема „Организација, раководење и управување со основното образование во Република Македонија и Република Турција“. Очекувам Елвин Хасан да ја оправда довербата и да одговори со посветеност на позицијата министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, рече Заев.

Посочи дека вториот предлог за министер без ресор Музафер Бајрам доаѓа како млад правник, кој има работено во областа на правото и формирањето на законските регулативи.

– Бајрам има работно искуство како помлад соработник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, а има работено и како проект асистен на НВО „Лил“ и приправник во адвокатски канцеларии. Верувам дека со своето искуство и посветена работа ќе придонесе во подобрување на квалитетот на имплементацијата на стратегијата за Ромите во Република Македонија, рече Заев.

Преимиерот очекува од двајцата нови министри совесно и одговорно да ја извршуваат новата функција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1