Со измените на Кривичниот закон, ќе има ли “амнестија” и за обвинети и од СЈО?


Измените во овој закон всушност подразбираат намалување на казните за злоупотреба на службената положба преку јавните набавки. Се предлага менување на член 353 од Кривичниот законик. Ставот од Законот со кој се предвидува одговорност за сите службени лица кои со злоупотребата на службената положба оствариле „некаква корист“, ќе биде преименуван и ќе се бара одговорност само за оние што оствариле „имотна корист“. Од власта тврдат дека измената е усогласена со СЈО и дека нема да има влијание на актуелните предмети.

Според членот 353 од Кривичниот законик, меѓудругите се осомничени и Елизабета Канческа-Милевска за случајот „Тендери“, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски во „Трезор“, Владимир Пешевски и Миле Јанакиески во „Траекторија“.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски ги демантираше инфомрациите дека ќе се направат измени во Кривичниот закон.

„Владата не предлага никакви измени на член 353 од Кривичниот закон и не се очекува каква било промена на тој член во рамки на процесот во Собранието“, напиша Бошњаковски на својот Твитер налог.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на собраниската дебата за Кривичниот законик, бидејќи тоа за партијата ќе значи уривање на правната држава и тргување со правото.

Игор Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ рече дека за нив „сите дилови на Зоран Заев излегле на површина“.

Тој не сакаше да каже дали на лидерските средби партијата барала измени на членот 353 од Кривичниот законик кој се однесува на злоупотреба на службената положба преку јавните набавки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1