И пукал над глава ако му требало нешто, интервју на вереницата на Елвис Присли


Свршеницата на „кралот“ Елвис Присли никогаш не се огласувала, ниту пак давала интервјуа за Елвис, но во нејзината неодамна издадена автобиографија ги открива неговите последни зборови и како го пронашла во бањата.

„Одам во бањата да читам“.

elvis-prisliТоа биле последните зборови на Елвис Присли, кои и’ ги упатил на својата свршеница Џинџер Алден, рано наутро, на 16 август 1977 година. Тоа веројатно биле и последните зборови што ги изговорил.

„Кралот“ не можел да заспие, а не сакал ниту да ја вознемирува својата „кралица“, која наскоро требало да му стане сопруга.

„О.К., но немој да заспиеш таму“, му рекла Џинџер. Таа отишла да спие и оставила запалена светилка покрај креветот за да му се гледа кога ќе се врати.

Кога се разбудила неколку часа подоцна забележала дека светилката се’ уште била запалена, па тропнала на вратата од бањата, го повикала и на крајот ја отворила вратата и влегла во бањата.

Во нејзините мемоари, „Џинџер и Елвис“, Алден, која сега има 57 години, се’ уште има скршено срце и пишува за некои детали од животот со „кралот“. Таа открива дека го нашла како клечи на подот, со рацете преку лицето, во позиција која била гротескна, како да се молел. Џинџер се наведнала да го допре, но тој веќе бил сосема изладен.

„Му удрив неколку шлаканици и изгледаше како да вдиша воздух кога му ја свртев главата“, рекла Џинџер во единственото интервју што некогаш го дала. Се обидела да му ги отвори очите, но тие биле сосема црвени.

elvis prisli verenica„Не сакав да мислам дека е мртов. Бог не би сакал да го земе толку рано“. Го притиснала копчето за интерфон и повикала помош: „Елвис се онесвести“ – вреснала.

Лекарите дополнително рекле дека дури и Елвис да повикал помош, Џинџер не би го слушнала, зашто докторот на „кралот“ и’ дал апчиња за спиење кои биле многу силни.

Кога се запознале, Џинџер имала 20 години, а Елвис 41 година. Нејзината сестра била „мис“ на Тенеси. Елвис ја поканил „мисицата“ кај него, заедно со нејзините сестри. Девојките отишле. Го чекале со часови, а кога конечно дошол, бил маѓепсан само од Џинџер. Таа вечер и’ читал текстови од источната филозофија и нумерологија. Тоа го повторил и во многу други ноќи.

Набрзо Алден му се придружиле на турнејата во Лас Вегас. Таму и’ купувал скапи подароци, фустани, накит… Една ноќ побарал да замижи. На еден прст и’ ставил прстен со дијаманти, а на другиот со сафири.

„Мораш да имаш резервен“, и’ рекол Елвис и така се свршиле.

Неколку дена потоа и’ подарил нов автомобил ’линколн’ и побарал да прекине секаква врска со момчето со кое била до тогаш. Таа одбила, а тој искршил едно шише од ѕидот. Таа ноќ, првпат воделе љубов. Следното утро и’ подарил дијамантски ѓердан и часовник.

Продолжиле со заедничкиот живот, а Елвис ретко излегувал од дома. Постојано јадел, а јадењето му го носеле во кревет. Постојано бил во пижами. Една ноќ Џинџер заспала, а тој ја повикувал. Бидејќи не го слушнала, Елвис и’ дошол во собата и пукал над креветот. Рекол дека сакал да ја разбуди зашто му требало уште јогурт.

Инаку, имал цел арсенал со оружје. Пукал во телефонот кога би го нервирало ѕвонењето, пукал во телевизорот кога била лоша програмата… Еднаш за малку ќе застрелал некое дете, кое со пластичен пиштол трчало по неговата ќерка Лиза.

Не можел да заспие без таблетите што му ги давала медицинската сестра. Се прејадувал, а Џинџер еднаш му рекла дека не би требало толку да јаде. Викал по неа, а таа станала од масата. Станал и ја удрил во ребрата. „Никој не станува од масата додека јас не кажам“, пишува во книгата.

Џинџер никогаш не размислувала да го остави, иако добивала удари. Зашто се’ било добро платено! Целото семејство носело бунди, сите возеле автомобили, а Елвис сакал да им купи и нова куќа – пишува „Њујорк дејли“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1