Исповед на 26 год девојка од Скопје – имала само 3 партнери, еден ја заразил со ХИВ


Една „мала“ грешка го промени животот на 26-годишната Мимоза. Таа се соочила со смртта инфицирајќи се со ХИВ, кој го добила од едниот од тројцата партнери што ги имала во животот, пишува  Дневник.

siluvanje maltretiranje devojce– Тоа беше шок за мене…, не размислував за ништо, само си го поставив прашањето – ќе умрам ли јас сега, до кога ќе можам да живеам инфицирана со ХИВ? Не користев секогаш кондом, никогаш не пробав дрога, вирусот го добив по сексуален пат. Често луѓето мислат дека ако имаш многу сексуални партнери, си во голем ризик. Еве, имав само тројца партнери, од кој едниот имал ХИВ, а јас од него го добив вирусот – раскажува 26-годишната Мимоза од Скопје, открива како од 2006 година живее со ХИВ. Таа не сакаше да го открие вистинскиот идентитет, плашејќи се од негативна реакција во околината.

Сепак, сега таа е соочена со болеста и го прифати животот со неа. Мимоза е една од 194 лица заразени со ХИВ-вирусот во Македонија. Таа денес има и нов партнер, која ја прифати без предрасуди и заедно размислуваат да станат родители.

– Тоа не беше лесно, не знаев каква ќе биде неговата реакција, но добив целосна поддршка. Ми требаше околу три месеци да се решам да соопштам дека сум инфицирана со ХИВ. За цело време користевме кондом, а и тој направи ХИВ-тест, и тоа три пати за да се увери дека е негативен. Тоа беше доволен показател дека со кондом не може да се пренесе вирусот – додава Мимоза.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1