„Бродот на стравот“ по 400 години исплива од Темза


Од реката Темза испливала со векови чуваната тајна за исчезнувањето на бродот „Керабин“.

Пиратскиот  брод кој ширел голем страв меѓу луѓето, според сознанијата на научниците на Универзитетскиот колеџ во Лондон, потонал во 1603 година за време на силна бура.

Тим научници по неколкугодишно истражување успеале да го пронајдат гусарскиот брод на дното на Темза, за кој според првите проценки се смета дека потонал пред 400 години.

Brod 1

Бродот „Керабин“ пловел од Англија за Турција во 1603 година по силно невреме, кога му се губи секаква трага.

Познато е дека Темза е богата со археолошки материјал, и сите предмети кои се извадени од неа со запишани како предмети од историско значење за културното наследство, но никој не се надевал на вакво откритие.

Повеќе од 10 години научниците предводени од докторот Густав Милно, почесен предвач на Универзитетскиот колеџ во Лондон на катедрата за археологија, го анализирале коритото на реката Темза и успеале да воочат некои артефакти, кои ги навеле да ја пребараат околината и да најдат греди и други делови на бродот кој ширел страв.Predmeti sa broda

Според наводите на историските списи овој борд имал дозвола да ги напаѓа бродовите на британските ривали и да го краде нивниот товар.Се верува дека на бродот во моментот кога потонал имало мали количества на бакар, сребро и злато, како и сребрени свеќници, кадилници за темјан и пехари.

Ова речно богатство не се наоѓа во музеите туку во приватните збирки, далеку од очите на јавноста. Според сознанијата на стручњаците приватните збирки се исклучително богати со археолошки остатоци од праисториско време па се до денес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1