Четириесет и седумгодишната Тина Бехарано од Лос Банос во Калифорнија родила ќерка кога имала 17 години, но недолго после породувањето ѝ рекле дека детето ѝ починало. Три децении подоцна дознала дека мајка ѝ и лекарите ја лажеле.
Веднаш после тоа ја извадиле од породилната сала, мајка ѝ ѝ рекла дека нема да може да го задржи бебето, за потоа да ѝ соопштат дека починало.
„Ми рече дека бебето е болно и дека починало 15 минути откако се породив“, раскажала Тина.
После неколку месеци се омажила за Ерик Гардереа, кој не бил татко на бебето. Иако со нив има 5 деца, таа никогаш не престанала да мисли на девојчето и го одбележувала денот на нејзиното раѓање.
На наговор на својата ќерка, урадила ДНК тест и го прилоѓила на големиот американски ДНК регистер, во кој ДНК анализи поставуваат луѓе ширум светот. Мината година поради тој потег добила меил.
„Мислам дека треба да разговараме. Велат дека сме во сродство и дека ти си ми мајка“, стоело во писмото.
Се испоставило дека нејзиното одамна изгубено дете е Кристин Кук, која денес има 29 години не е повеќе девојче. Кристин го променила полот, па сега живее со сопругот и бебето во Њу Џерси. Тина дознала дека има син.
„Не ми е грижа. Не ми е важно што е во фаза на транзиција. Сеедно ми е. Тоа е мое дете“, рекла Тина.
„Важно ни е што е жив“, рекол сопругот на Тина, Ерик Гардере.
Кристин била посвоена од смеејство во Лас Вегас 5 дена откако се родила. Не знаела која ѝ е иолошка мајка и дали ја сака.
„Кога ја гледам ми доаѓа да заплачам. Скоро секој ден ми испраќа свои и фотографии од бебето“, вели Тина, а нејзиниот сопруг додава дека веќе неколку месеци се во контакт.