И рекле дека умрела кога ја родила: По 50 години за прв пат ја видела својата ќерка!


Американката Зила Џексон Прајс, за прв пат минатата седмица ја видела својата ќерка Мелани Гилмор, за која во породилиштето ѝ било кажано дека умрела за време на пораѓањето пред 50 години.

Од друга страна, 49-годишната Мелани пораснала со убедувањето дека нејзината биолошка мајка Зила ја отфрлила.melani-majka-50-godini-01

Никој не знае што се случило во болницата во Сент Луис во ноември 1965. година. Малата Мелани била родена три месеци порано и имала само половина килограм. Иако ја ставила во инкубатор, на Зила ѝ кажале дека нејзиното бебе не преживеало. Несреќната жена ја напуштила болницата без да знае дека нејзината ќерка е жива, а малата Мелани била посвоена од друго семејство.

Мајката која ја посвоила починала кога Мелани наполнила 20 години, па таа се преселила во Орегон и почнала да ја бара својата биолошка мајка. Го пронашла нејзиното име, адреса, дошла и до некои телефонски броеви, но ѝ било кажана дека Зила починала.

Сè се променило минатата година кога 22-годишната Мелика, ќерката на Мелани, ја пронашла Зила Џексон Прајс на Фејсбук. Успеале да дојдат во контакт со неа, а ДНК тестот го кажал своето…

Мајката и ќерката набрзо се сретнале, а првото што го рекла Мелани било: “Те сакам мамо, сè ти простувам, не е твоја вина!”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1