И се јавиле дека мажот и починал на работа – дознала дека бил оженет и со друга


Ирецот Лијам Коулан (51) кој со години работел во Светската банка во Австрија починал од срцев удар, при тоа оставајќи зад себе две жени и три деца.

984e2293b9b84341bf70b3d10ee5b5f0Едната од нив, Линда (47) како и за смртта така и за втората жена на нејзиниот сопруг дознала случајно, и тоа кога од Ирска телефонски го побарала својот сопруг во канцеларијата во Виена.

Најпрвин, секретарката на Лијам и соопштила на Линда дека нејзиниот сопруг починал во својот дом во Виена.

-Откако ми кажаа за смртта ме поврза со некој човек кој не ми веруваше дека Лијам е мојот маж, при тоа објаснувајќи ми дека тие веќе ја известиле неговата сопруга. Бев упорна, но човекот од другата страна ми рече да не се јавувам повеќе, изјавила Линда.

Коулан со својата прва сопруга Линда имал два сина, додека пак со втората жена со која се венчал пред неколку години имал ќерка.

Двете жени очигледно не знаеле една за друга, а пак од канцеларијата во Виена велат дека никогаш не ја запознале првата сопруга Линда.

-Неговите колеги беа во шок кога дознаа дека Коулан водел двоен живот. Очигледно е дека никогаш не ме спомнал, додала Линда, при тоа истакнувајќи дека таа и Коулан не живееле заедно, но сепак тој избегнувал развод. Таа претпоставува дека причината за тоа е поделбата на имотот кој тој го стекнал додека работел за Светската банка. Тој пресметал дека поекономично е да и плаќа на Линда месечна поддршка и повторно да се ожени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1