И Скопје се вклучи – купете ,,соспесо,, – кафе за друг на улица Македонија


Кафе соспесо, старата традиција која потекнува од Неапол, Италија, да се нарача кафе кое е веќе платено од денeска се практикува и во Македонија. Првото „кафе соспесо” го нарача Осигурителната компанија Евроинс Осигурување во познатото кафуле на улица Македонија Ил Кафе Ди Рома.

kafe za posle mk–  Додека уживаме во чинот на пиење убаво кафе несекогаш помислуваме дали постои некој кој не може да си го дозволи истото. Можеби некојпат дел од нас почувствувале и грижа на совест. Од денеска сум уверена дека со нарачка на „кафе соспесо” моето кафе можеби ќе треба да го платам поскапо, но во него ќе уживам двојно повеќе, потенцира Виолета Поп-Василева, извршен директор на Евроинс.

Сопственикот на Ил Кафе Ди Рома Стефан Стојановски смета дека ова е одлична и благородна идеја, поради што веднаш ја прифатиле и ја воведуваат во кафулето, а се надева на нејзино брзо проширување во земјата.

Кафе соспесо е стара традиција која потекнува од Неапол, Италија. Да се нарача „кафе соспесо“ во превод значи платено кафе. Ова особено го прават оние кои во моментот имаат причина да почастат некого (добиле нова работа, им се родило бебе, …). Кога се нарачува „кафе соспесо„ клиентот плаќа за две кафиња, а добива едно. На тој начин, некој кој вистински не може да си го дозволи, ќе влезе во кафулето и ќе запраша дали има „платено кафе„, по што ќе може да добие едно без да плати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1