Кога можат Албанците можат и Македонците – Стружани, иселеници во Швајцарија бесплатно на гласање


Македонците од Струга кои живеат во Швајцарија преку социјалните мрежи се организираат во недела на 7. април да дојдат во родниот град за да можат да го дадат својот глас на вториот круг од локалните избори.

Македонската заедница во Швајцарија за сите заинтересирани организира бесплатен превоз од Женева, Швајцарија до Република Македонија.

besplatenprevoz

Инаку, десетина чартер летови пред првиот изборен круг пристигнаа на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, претежно со Албанци од струшко и кичевско. На охридскиот аеродром патниците ги чекаа автобуси, со кои се упатија до крајните дестинации во кичевско и струшко. Станува збор за државјани на Република Македонија со привремен престој во странство, кои специјално дојдоа за да гласаат на првиот круг од локалните избори.

Супер радио

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1