И студентите ќе се возат бесплатно во ЈСП


Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се низа проекти за студентите и учениците.

avtobus nov jsp-За сите студенти, секој четврток во месецот ќе се овозможи бесплатен превоз во градските автобуси, жичарницата на Водно и железничкиот сообраќај во Република Македонија. Освен тоа четврток ќе биде и денот кога студентите бесплатно ќе можат да ги посетат театрите, музеите и кината во Скопје и во државата. Учениците и студентите во Република Македонија ќе имаат можност со попуст од 50% на билетот да ги користат услугите во патничкиот превоз на МЖ Транспорт АД Скопје, рече Груевски.

Според неговите најави, ќе се воведе и бесплатен викенд (петок, сабота и недела) еднаш во месецот за превоз на младите лица во железничкиот сообраќај во Република Македонија. Сите млади до 27 години ќе имаат право на бесплатен повратен билет во определен викенд во месецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1