За време на официјалната посета на Шведска во 1976 година, имаше необичен инцидент, кој остана снимен на камера. Додека Тито излегувал надвор од автомобилот, неговиот помошник излезе од совозачкото седиште и ја тресна вратата.
Арно ама раката на Тито била во процепот и вратата му ги приклешти прстите, од болката Тито викнал на цел глас а помошник брзо ја отвори вратата.
Маршалот на крајот искулира и како ништо да не било си продолжи додека помошникот кој ја тресна вратата прво гледаше прекорно неколку секунди, а потоа тивко продолжи.
Сите наоколу прво извикале од тоа што го виделе а потоа почнале да се смеат – сите освен аѓутантот кој најверојатно се прашувал дали ќе биде казнет:)