И утре невреме во Македонија – дожд грмежи град и силен ветер


Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со појава на повремен дожд и грмежи.

07052013142441_dozd 2[1] bitolaНа места врнежите ќе бидат поројни и ќе има услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1