Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта се одбележа големиот христијански православен празник Рождество на Пресвета Богородица, пишува Денешен.
Голем број верници се поклонуваат пред чудотворната икона во манастирот која се смета за единствена икона во Македонија каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е насликано во црно. Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот и се верува дека има неверојатна лековита и исцелителна моќ.
Овој празник, кој е познат и како Мала Богородица за стружани отсекогаш бил посебен бидејќи преку него успеале да ги задржат традиционалните вредности, но манастирскиот комплекс во Калишта, по повод празникот го посетија и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица.