И во МВР смените на началниците нелегални – Управниот суд ги поништи одлуките на Спасов


Управниот суд ги стави вон сила сите 29 незаконски решенија кои ден пред Нова Година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Судот практично ја прифати тужбата на заменикот министер Митко Чавков и изрече времена мерка со која тие се ништовни се до донесувањето на конечна пресуда, пишува Курир.spasovski remenski

Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.

Со одлуката автоматски се поништуваат и решенијата со кои Спасовски назначи нови началници. Истото важи и за разрешениот началник на одделението за полиција во Охрид каде Спасовски постави свој човек против кого се водеше дисциплинска.

Управниот суд со времена мерка ги стави вон сила и незаконските решенија на Оливер Спасовски со кои спротивно на системот на кариера воспоставен во полицијата, беа унапредени уште 17 лица , партиски кадри на СДСМ.

Некои од нив од страна на Спасовски, незаконски беа подигнати и по 7 нивоа во хиерархијата на министерството.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1