И Youtube ќе наплаќа за гледање клипови


Цената за користење на каналите би се движела од еден до пет долари месечно, а се размислува и за наплатување на преносот во живот на некои јавни случувања, како и емисии за финансиски совети и помош. Целта е да се собере што повеќе пари од рекламирање што сега одат кај телевизиите.

youtube

Тие прво ќе наплатуваат за одредени канали кои се популарни и со кои се договорија граѓаните да мора да платат за да им пристапат.

Почетниот број на канали кои би се наплаќале би бил мал, за почеток околку 25. Добивката од претплатниците би се делела 45:55 слично како и за рекламите на оваа мрежа. Партнерите би имале можност да ставаат реклами на своите платени канали.

Се размислува ова да започне во април.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1