Еднократна такса за присилна наплата, тарифа за блокада и деблокада на сметка, извршување на решение за присилна наплата, изготвување извештај, извршител, налог за извршување, записник, заклучоци… и уште десетици ставки се наведени во тарифниците на државните институции, банките и извршителите. Сите одат на трошок на граѓаните или фирмите, како дополнителна казна за долг кој не успеале навреме да го платат, па поради тоа им е блокирана трансакциската сметка.
Според законот за даночна постапка, за секоја присилна наплата граѓанинот треба да плати и еднократна такса, која изнесува 5 проценти од висината на долгот.
Следуваат провизиите што ги наплаќаат банките. Речиси сите банки имаат различен тарифник за наплатување објавен на нивните веб-страници.
– присилна наплата еднократно или до три рати во Стопанска банка изнесува 1.500 денари. Блокада и деблокада на сметка се наплатува по 200 денари.
Прием, обработка и извршување на извршни, судски и други решенија за присилна наплата | |||||||||
Прием и обработка на решението | 1,500,00 денари по решение | ||||||||
Делумно извршување на решение | 400,00 денари по извршување | ||||||||
Блокирање на сметка | 200,00 денари по решение | ||||||||
|
|
||||||||
Пресметка на каматна листа | 130,00 денари од страна | ||||||||
Издавање извештај за податоци од присилна наплата по барање, согласно позитивните законски прописи | 500,00 денари по извештај |
Доколку присилната наплата се врши на трансакциска сметка во Комерцијална банка граѓаните, покрај долгот, за извршување на решението ќе треба да платат уште 500 денари. Тарифата за блокада и деблокада на сметката чини 300 денари.
Во НЛБ Тутунска банка граѓаните за извршување на решението ќе треба да платат дополнителни илјада денари, додека за правните лица оваа тарифа изнесува 1.200 денари. Кога постапката се однесува на долг за радиодифузна такса, давачката во оваа банка е 400 денари. Блокадата и деблокадата на сметки, според тарифникот на Тутунска банка за фирми чини 500, а за граѓани 400 денари.
Банките заработуваат и од провизии за блокирани сметки и ако граѓаните им должат повеќе од три рати на кредитните картички. Ако не се намири долгот навреме, сметките им се смрзнуваат дента кога истекува рокот за плаќањето. Повторно стануваат функционални 24 часа по уплатата на парите, но на сметката автоматски се минусира и сумата за банкарската провизија.
Граѓаните мораат да знаат дека за неплатена сметка веќе не се оди директно на суд. Процедурата приближно оди вака: доверителите или сами или со посредништво на адвокат поднесуваат барање за платен налог. Го доставуваат до нотарите со кои соработуваат и тие, врз основа на ненаплатените фактури, го издаваат платниот налог. Преку фирмите за доставување, налозите се испраќаат кај должниците. Граѓаните имаат рок од осум дена да поднесат жалба и спорот потоа, доколку не се најде решение, завршува на суд. Во спротивно, доколку сметката не биде регулирана, платниот налог се сели кај извршител. Се пресметува и камата од денот на поднесувањето на барањето.
Голгота е одблокирањето на сметката
Оди во банка, му кажуваат дека е блокиран, ама од друга банка. Оди во таа банка и таму му кажуваат дека е блокиран преку извршител, но не од кој. За да дознае, оди во централата на банката, а оттаму кај извршителот. Но, ако на извршителот тој ден не му е приемен за странки, доаѓа следниот ден.
Тогаш му кажуваат дека треба да достави доказ дека е вработен и пак се враќа назад. Не се сите граѓани информирани, ниту пак можат да плаќаат адвокати. Така, по шест пати ги маткаме граѓаните, а според нашиот Закон нема полесен начин.
Банките не сакаат да блокираат делови од плата, туку ја блокираат целата, па затоа граѓаните треба да одат на шест места за да ја одблокираат сметката. Тоа не е во ред и не е човечки.