И за работа на брод да се проверат работодавачите


Не се сите бродови за туристичко крстосување исти-имаат различни  услови и за гостите и за безбедноста на екипажот,објаснуваат посредничките агенции.Најголемата опасност како и при секоја работа во странство е да се замине на своја рака без доволно да се провери компанијата.За да се избегнат трагедии како со девојката од Прилеп,агенциите препорачуваат да се користат сигурни посредници кои вработуваат на луксузните пловечки хотели,кои преземаат максимални мерки за безбедност,за разлика од бродот на кој се случила несреќата, кој немал ниту камери на палубата, пишува Алфа.

brod kruzer,,Некои од младите сакаат сами да наоѓаат работа преку интернет,да експериментираат,дека можат сами да постигнат нешто..тогаш може да се направи и грешка. Јас гарантирам дека кај компаниите кои ние сме лиценцирани да ги застапуваме не може да дојде до никаков пропуст во поглед на безбедноста на вработените,,-дециден е Зоран Кочовски од Агенција за посредување ,,Коузон,,.
Тие што веќе биле на брод пренесуваат дека тоа што се бара е сериозност,работење и желба да се учи.
,,Треба да се знае каде се оди,да се знае дека е напорно,нема паузи,но е исплатливо..има награда за тоа.,,
,,Се зависи што сакаш,дали сакаш да заработиш или сакаш само да прошеташ.Тоа што сакаш тоа ќе го добиеш-од тебе зависи.,,
,,Работата е напорна,ама ако сака некој да заработи добра пара-ќе продолжи,,-се ставовите на тројца кои веќе биле на брод.
Од заинтересираните кои доаѓаат на презентациите, дел се откажуваат веднаш,кога ќе слушнат дека се работи меѓу 10 и 12 часа дневно и без слободни денови. Други пак,не успеваат да ги исполнат условите.Од сите пријавени за работа,на брод заминуваат-само една третина.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1