Премиерот Никола Груевски очекува во наредните 10 дена трајно да биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж плаќан по законите од 1978 до 1988 година.
– Имаше барање од земјоделците за решавање на проблемот со нивниот стаж и на наредната седница на Владата ќе биде предложен закон со кој ќе се реши проблемот за нивниот пензиски стаж од 1978 до 1988 година, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој посочи дека во наредните 10 дена очекува законот да биде поставен и на собраниска седница и на тој начин трајно да се реши проблемот.
Со измените на законот ќе се признае стажот на земјоделците што ќе биде од особена корист за сите оние на кои им се потребни години за остварување на правото на пензија. За оваа намена ќе бидат издвоени 32 милиони денари за пензии секој година.