Полицијата ги фати крадците на мајмунчето – Лука вратен во зоолошката


Мајмунчето Лука од скопската зоолошка градина преживеа уште една незгода со среќен крај. Мајмунчето, павијан кое уште од раѓање го отфрли мајката, вчера заврши во рацете на двајца крадци. Маж и жена од Кавадарци, лесно го препознале популарниот Лука, со алат ја пресекле мрежата од плетената ограда, го извлекле мајмунчето од кафезот и го ставиле во црна вреќа.

Крадците ја прескокнале заклучената ограда и избегале со такси возило кое цело време ги чекало на паркингот. За среќа посетителите веднаш пријавиле кај чуварската служба, па полицијата покренала потера по мајмунчето. majmunce

Во полициската станица жената кажала дека мајмунчето заедно со пријателот, го украле за нејзиното болно дете. Двајцата ќе оговараат за тешка кражба.

Здравствената состојба на Лука е добра, во моментов е сместен во внатрешното живеалиште заедно со своето помало братче.

Вчера во ЈУ Зоолошка градина Скопје, во периодот околу 17:00 – 17:30 часот, непознати сторители низ исечен отвор на мрежата од надворешото живеалиште украдоа  младо од видот на мајмун-павијан, старо 1,5 година (на јавноста познато како мајмунчето Лука) и со прескокнување преку јужната заклучена капија од Градината, се упатија кон паркингот и со возило кон правец на градот Велес.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1