Објавен оглас – се бараат нови директори на УЈП И ИНСПЕКЦИИТЕ


Објавени се огласи за избор на директор на Управата за јавни приходи и за претседател на Инспекцискиот совет, најави премиерот Груевски.ujp

Тој посочи дека за двете позиции течат роковите и ги повика сите што имаат квалификации, искуство и знаење и се чувствуваат дека имаат доволен капацитет да се пријават на конкурсите.

– На директорот на УЈП му завршува мандатот на 17 август годинава и нормално е согласно Законот да се објави оглас, бидејќи поинаков начин не постои да се назначи нов директор. За разлика од него, претседателот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов замина на нова должност во дипломатијата, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој посочи дека актуелниот директор на УЈП Горан Трајковски има можност да се пријави на конкурсот.

– Најдобрите и најквалитетните кандидати ќе бидат интервјуирани и ќе бидат проверени нивните квалификации по што ќе се одберат најдобрите и најсоодветните кандидати за двете позиции, рече Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1