Ибраимовски ја напушта министерската функција, ќе биде пратеник


Министерот без ресор Самка Ибраимовски задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, најави дека ќе ја напушти министерската функција и ќе биде пратник во Собранието.

Ибраимовски, како што соопшти неговиот кабинет, денеска ќе потпише изјава во ДИК дека го прифаќа пратеничкото место.

На последните парламентарни избори Самка Ибраимовски беше на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во петтата Изборна единица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1