Високиот ирачки функционер Мовафак Ал Рубаие повторно проговори за бизнисот со шверц на нафта помеѓу Турција и озлогласената Исламска држава.
Поранешниот советник за национална безбедност во интервју за “Русија денес“ рече дека ИСИЛ заработува милиони долари продавајќи ја својата нафта на црниот пазар во Турција.
-Во последните осум месеци Исламската држава успеа да продаде нафта за 800 милиони долари на црниот пазар во Турција. Тоа е ирачка и сириска нафта која со цистерни се префрла до турската граница и таму се продава за 50% поефтина цена од меѓународната цена за продажба на нафта“, изјави Рубаие.
Рубаие тврди дека ранетите војници на Исламската држава се лекуваат во болниците во Турција!
-Нема ниту најмал сомнеж дека турските власти знаат за сите овие операции. Сето тоа се одвива пред очите на турските разузнавачки служби и турскиот безбедносен апарат“, изјави ирачкиот функционер.