Исламската држава објави видео од последните моменти пред уривањето на рускиот авион во кој загинаа сите 224 патници и членови на екипажот. Терористичката група ја презеде одговорноста но не објасни како го урнала авионот.
првите фотографии од авионот по уривањето се објавени од канцеларијата на египетскиот премиер Шариф Исмаил кој го посетил местото на несреќата.
Досега се пронајдени 163 тела во широк круг на местото на несреќата, а осегот на пребарување ќе се прошири.
Пред авионот да падне не бил испратен никаков СОС сигнал, ниту авионот бил технички неисправен.
Експертите велат дека терористите немаат оружје да урнат авион на толкава висина од која тој почнал да паѓа( 31 000 стапки) , но можно е во е леталото претходно да била поставена бомба!
Професорот Мајкл Кларк за Би Би Си вели дека ова е голема веројатност.
– Се случила катастрофа на голема висина, леталото се поделило на два дела, што за мене сугерира експлозија во авионот. Дали таа била предизвикана од огромен инцидент или бомба – што за мене е поверојатно, јас размислувам во таа насока.
Египетскиот министер Хосам Камал изјави дека немало ништо невообичаено во комуникацијата на пилотот со контролата на летање, што е во контрадикција со неговото претходно тврдење дека пилотот барал најблизок аеродром да слета поради технички проблем.
Црната кутија е откриена и на анализа, која треба да фрли светлина врз откривањето на причината за уривањето на авионот.