„Парфемот треба да го нанесите онаму каде што сакате да добиете бакнежи од вашиот партнер“, изјавила славната Коко Шанел, а доколку сме обвиени во својот омилен парфем ќе се чувствуваме поубаво и позадоволно.
Проверете ги „жешките“ точки на кои парфемот најдобро се чувствува, а притоа да не претерате со нанесената количина.Зад ушите
Во овој дел од телото струи поголема количина крв па затоа мирисот е поинтензивен и подолго трае.
Вратот
Место со силни пулсирања на кои само неколку капки од парфемот ќе бидат доволни, само внимавајте да не нанесувате од парфемот на штитната жлезда.
Коса
Само две до три капки нанесени на коренот од косата ќе имаат супер ефект секој пат кога ќе замавнете со неа.
Деколте
Тоа е едно од најтоплите места на телото па само со својата топлина го зголемува интензитетот на мирисот.
Зглобот од раката
Топлината на раката испушта мирисни ноти и го забрзува делувањето на парфемот.
Зад колената
Секое движење создава мирисен траг зад вас.