Оваа фотографија на вознемирена жена која телефонира додека стои пред училиштето во Конетикат каде беа убиени 27 лица меѓу кои и 18 деца го обиколи светот и стана симбол на ужасот на оваа трагедија.
Медиумите ја идентификувале жената. Сеработи за Jillian Soto сестра на убиената наставничка херој – Victoria Soto, 27, која се фрлила пред напаѓачот за да ги заштити дечињата и загина.
Сестрата штом чула за пукањето веднаш дошла до училиштето и се обидувала да дознае за нејзината сестра која не се јавувала на нејзиниот мобилен телефон.
,,Се надевав дека е добро и таа и дечињата – но …. таа загинала бранејќи ги тие мали срциња, ги сакаше тие деца најмногу на свет, изјавила вознемирена сестрата на наставничката херој.
Наставничката ги сокрила дечињата од нејзиното одделение во шкафчињата а потоа самата излегла пред напаѓачот и му рекла дека нејзиното одделение е во друга сала на настава тој сакал да влезе а таа скокнала пред него по што убиецот испукал неколку куршуми во нејзиното тело.
ФОТО/ВИДЕО: OВА СЕ ДЕЧИЊАТА – ЖРТВИ НА МАСАКАРОТ ВО УЧИЛИШТЕТО ВО КОНЕТИКАТ
2 ДЕВОЈЧИЊА, 8 МОМЧИЊА СИТЕ 1 ОДД – УБИЕНИ ОД БЛИЗУ СО 11 ИСТРЕЛИ СЕКОЕ – (ВИДЕО/ФОТО)