Полицијата го утврди идентитетот на лицето чие безживотно тело денеска во 11:55 часот беше забележано во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“.
Станува збор за лицето Филип Ѓ. (24) од Кичево, со престојувалиште во Охрид, а кој на 16 овој месец бил пријавен кај полицијата како исчезнат.
По наредба на јавен обвинител, во болницата во Битола ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.