Идентификувано детето чие тело вчера беше најдено во Вардар кај МНР


Телото што вчера беше извадено од водите на реката Вардар во центарот на градот во близина на зградата на Министерството за надворешни работи е двегодишното дете што пред неколку дена падна во реката Треска, информираат од полицијата.pronajdeno_telo_vo_vardar

Идентифицијата на трупот ја направила мајката, а била направена и обдукција.

Детето паднало во Треска, додека си играло покрај реката кај Чичино село. Мајката го пријавила случајот во полиција, а иако се трагаше по детето, тоа не беше пронајдено се додека реката сама не го исфрли телото.

Неофицијално истрагата покажала дека станува збор за несреќен случај.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1