Не ги сакаат бегалците: Во Германија изгоре зграда наменета за сместување бегалци – запалена?


Во напуштена зграда на југот од Германија, каде што требало да бидат сместени бегалци, избил пожар, а полицијата не ја исклучува можноста пожарот намерно да е подметнат, пренесуваат германските медиуми.

При пожарот никој не е повреден, а висината на штетата дополнително ќе се утврдува.njemacka_pozar_ap_main-650x396

Азилантите во Германија во последно време се честа мета на напади, а германската полиција потврдила дека во првата половина од годината пријавени се 173 напади врз азилантски домови од страна на десничарите, што е речиси трипати повеќе од истиот тој период минатата година

Прашањето за сместувањето на азлантите поттикнува сериозни политички дискусии во Гермнија, бидејќи граѓаните често се противат во нивна близина да се доселат бегалци во чии домови оваа година избиле најмалку 10 пожари.

Бегалците се мета на напади од десничарите во неколку градови,  а политичарите бараат меѓу нив да се издвојат оние кои доѓат од Балканот и веднаш да се депортраат назад, бидејќи, како што велат „во нивните земји нема ни војна, ни политички прогон“.

Затоа бараат земјите со безбедно потекло да се прогласат и Албанија, Косово и Црна Гора, како што претходно тоа е направено со Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1