Иџе победи на „Хунгароринг’’


Во чест на победата на македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе денеска на прославената Ф-1 патека „Хунгароринг’’ беше интонирана македонската химна.idze_540-360_2-53107

Стефановски реши да учествува на првата трка на „ЦЕЗ’’ на кружни патеки со цел да се привикне на метежот кој му создаваше проблеми на првите две трки во „ETЦЦ’’ Шампионатот. Иако, практично дебитираше на оваа патека, популарниот Иџе на крајот заврши како прв и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

– Супер се чувствувам, работевме на автомобилот, а исто така разгледувавме и многу други детали и тактики на возење. Добро е чувството да се биде на подиум, поточно на првата позиција, иако немаше некоја голема конкуренција, а прв пат на оваа патека беше пуштена македонската химна, што за мене претставува огромно задоволство. Овде дојдовме да направиме тренинг пред третата рунда од Европскиот туринг куп на патеката Хирбургринг, а тренинг на трка како овој викенд е најдобар начин за постигнување на нашите цели. Утре се вози втората трка, следат уште повеќе извозени тркачки кругови. Ги поздравувам сите мои фанови, ми значи вашата поддршка – изјави Стефановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1