Идната недела ќе се укине суспензијата за Екстра Маин


Агенцијата за храна и ветеринарство најави дека следната недела ќе ја укине суспензијата за производството на „Екстра меин“ од Куманово, откако сите анализи потврдија дека во фабриката не е најдена бактеријата листерија.

06.08ekstra1Од Агенцијата завчера извести дека по целосните контролите кои ги направиле по налог добиен од министерството за здравство во погоните на „Екстра меин“ и во нивни производи не е откриена листерија.

„Во рамки на контролите земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од сериите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија“, нагласуваат од Агенцијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1