Граѓаните од Скопје и околината кои следат телевизија преку дигиталната платформа на ОНЕ од понеделник до крајот на неделата можно е да имаат прекини на сигналот заради спроведување на втората фаза од процесот на дигитализација, информираат од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и ОНЕ.
Промената на фреквенциите е обврска на ОНЕ согласно барањето на Агенцијата за електронски комуникации за усогласување на фреквенциите.
– Во периодот од 15 јули (понеделник) до крај на неделата, ќе се врши оптимизација на ДВБ-Т предавателните локации на ОНЕ со цел усогласување на нивните фреквенции.
Кога процесот ќе биде завршен сите граѓани ќе бидат навремено известени со цел да направат пребарување на каналите, се вели во соопштението од АЕК и ОНЕ.