Игор Спасов избегал од државата – се бара со меѓународна потерница


Осудениот за убиството на Мартин Нешковски, специјалецот Игор Спасов од поладнево се бара со меѓународна потерница. Штипскиот суд ја распиша потерницата откако полицијата не можела да го пронајде во границите на Македонија.

Спасов поради здравствени причини доби прекин на казната летото 2018 година.

Прекинот се продолжуваше неколку пати, па тој пред десетина требаше да се врати во затвор. Откако не се пријави на затворска капија, полицијата го бараше дома во Штип и на неколку локации во штипско, по што вчера беше распишана централна потерница за територијата на цела Македонија.

Откако надлежните не го лоцираа, судот во Штип попладнево ја распишал меѓународната потерница.

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на момчето Мартин Нешковски вечерта на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори.

Досега има издржано околу половина од казната, по што лани летото доби прекин поради здравствени причини. Тој требаше да се јави во Затворот „Идризово“ на 18 октомври.

Лани, кога тој доби прекин на издржувањето на затворската казна, надлежните информираа дека во медицинскиот наод за Спасов, е наведено дека актуелната здравствена состојба кај него се следи, има суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1